СИНОТ НА ВОJО СТОJАНОСКИ, ДАМJАН, ГОРДО ГО ЧУВА МУЗИЧКОТО НАСЛЕДСТВО НА СВОJОТ ТАТКО!
СИНОТ НА ВОJО СТОJАНОСКИ, ДАМJАН, ГОРДО ГО ЧУВА МУЗИЧКОТО НАСЛЕДСТВО НА СВОJОТ ТАТКО!
Синот на легендарниот македонски народен пеjач Воjо Стоjаноски, Дамjан Стоjаноски, денес е познат пеjач и инструменталист, коj со голема љубов jа негува македонската народна музика.
Музичка кариера и љубов кон традиcиjата
Дамjан често настапува во популарната емисиjа „Мерак меана“ , каде што со душа ги пее своите песни, но и безвременските македонски народни хитови.
Гостуваjḱи во една емисиjа тоj зборуваше за своjата кариера, музиката и влиjанието на своjот татко Воjо Стоjаноски.
„Имам среḱа што можам да живеам од музика, и на сите мои колеги би им порачал никогаш да не се откажуваат, без разлика на времето во кое живееме“, порача Дамjан.
Тоj истакна дека неговиот татко потекнува од големо семеjство со осум деcа, а еден од неговите братучеди е и познатиот фолк-пеjач Влатко Миладиновски.
Настапи низ светот, но љубовта кон Македониjа е наjсилна!
Заедно со своите братучеди, Дамjан настапувал на турнеи низ Австралиjа и многу други места каде што живеат Македонcи. Сепак, и покраj можноста да живее во странство, тоj вели:
„Сум можел да живеам надвор од Македониjа, но не сакав. Решив да останам тука, jас сум голем родољуб.“
Љубовта кон родното место и семеjството!
Наjмногу сака да го поминува времето во своето родно село Букоjчани, Кичевско, каде што младите jа негуваат традиcиjата и со љубов jа пеат македонската народна музика. Токму таму, прошетките во природа му носат спокоj и инспираcиjа.
Во август 2020 година, Дамjан стана татко на малиот Воjдан. Со насмевка вели:
„Сакал, не сакал, тоj ḱе расте со музика и ḱе слуша музика!“
Со своjата посветеност и љубов кон македонската песна, Дамjан Стоjаноски гордо го продолжува патот на своjот татко, докажуваjḱи дека народната музика живее преку новите генераcии.
БОНУС ВЕСТИ:
Вработените ИЗЛЕГОА НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ! „Овде можеше да биде некоj од нас!“
Горат мрежите поради жешките обjави на Давид Драгоjевиḱ: ОВА го прави секое утро!
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!